Едноставните и економични средства, кои ни помагаат на ефикасен начин да се справиме со болката во зглобовите се значително подобри од лекарствата, бидејќи тоа го постигнуваат на природен начин.

Честопати болката во зглобовите може да биде неподнослива, при што луѓето веднаш посегнуваат по моќни лекарства, кои по долго користење, го прават телото отпорно на нивниот состав, при што нивниот ефект веќе не е толку ефикасен.

Затоа за денес ви предлагаме, доколку и вие често се соочувате со овој непријатен здравствен проблем, да се обидете со истиот да се збогувате, употребувајќи го следниот домашен природен рецепт.

Истиот е користен во алтернативната медицина уште од древни времиња, а еве како да го подготвите.

Камилица, цимет и мед

Циметот има затоплувачки својства, кои помагаат во ослободување и ублажување на болката. Медот исто така ги има едни од најмоќните природни својства, а заедно со циметот образуваат извонредно ефикасно антивоспалително средство.

Како да ја подготвите антивоспалителната лековита инфузија

Поставете вода да се вари и во истата додадете стапче цимет. Оставете ја смесата да се вари 5 минути. По ваша желба, доколку претпочитате да го зголемите ефектот на смесата, може да додадете во смесата и малку ѓумбир.

Откако смесата ќе биде сварена, отстранете ја од оганот и додадете ќесичка чај од камилица. Прецедете ја добиената течност, додадете неколку кафени лажици мед и веднаш консумирајте ја истата.

Доколку овој третман го правите редовно, односно секој ден, болката и подуеноста во вашите зглобови за краток временски период, ќе се намали значително.

За надворешна употреба

Доколку сакате лекот да го употребите и надворшено, тогаш потребно е да измешате 2 супени лажици топла вода, 1 супена лажица мед и половина супена лажица цимет во прав. Добиената смеса нанесете ја врз зоната каде што ја чувствувате болката и по кратка нежна масажа, оставете ја смесата да отстои врз вашиот зглоб во времетраење од половина час. Подоцна, измијте со топла вода.