Цела Велика Британија, како и цел свет останаа потресени од исповедта на една самохрана мајка.

50-годишната Дона Кортни живее во Сари и сама се грижи за нејзината 11-годишна ќерка Кејтлин. Дона никогаш се нема омажено за таткото на нејзиното дете. Тие двајца биле во среќна врска, но за жал, нејзиниот партнер починал од рак во 2014-та година. Трагичниот настан сосема ја скршил Дона.

„Започнав да слабеам драстично. Мојата здравствена состојба полека излегуваше од контрола и постоеше сериозна опасност за моето здравје. Тогаш си реков дека морам да бидам силна за Кејтлин и да живеам максимално.“- вели Дона.

Откако Дона решила да ја преземе контролата во свои раце, таа не само што го разубави животот на нејзината ќерка, туку и својот. Дона дури може да се пофали со младешки изглед, при што никој дури не верува дека оваа самохрана мајка има неверојатни 50 години.

Дона, која инаку работи како администратор, изгледа повеќе од извонредно и сега таа ги споделува тајните, благодарение на кои изгледа за 10 години помладо, и покрај тоа што не оди на козметичар и никогаш нема направено пластични операции.

Тајните за нејзиниот вечен младешки изглед

Нејзината прва тајна е печењето. Да, добро прочитавте. За неа, тоа е еден вид терапија.

„Кога го изгубив мојот сакан, паднав во тешка депресија. Откако видно ослабнав, решив да започнам да печам. Печете сè, од слатки до тесто, разни пити, погачи, леб. Си доаѓав од работа и печев до полноќ. Овој вид на готвење многу ми помогна во тие тешки моменти“- се присетува мајката.

Нејзината втора тајна се состои во нанесување вазелин наместо крема за раце. Според Дона, рацете се првата работа која најмногу открива за возраста на човекот и токму поради таа цел, таа практикува терапија со вазелин на секои 2 недели.

„Го нанесувам вазелинот врз кожата, а потоа облекувам памучни ракавици и спијам така во текот на целата ноќ. Овој третман е дел од мојата рутина веќе 10 години. Не е скапа, а е многу ефикасна процедура. Кога ќе се разбудам следното утро, моите раце се толку меки и нежни, како на млада девојка.“- додава Дона.

Покрај тоа, мајката открива дека прима и течен колаген за младешки изглед на кожата и косата. Таа зема по 1 капсула (ампула) од истиот секој ден и нејзината кожа станува значително помека, а косата побујна, додека пак брчките речиси и да не се забележуваат.

Дел од нејзината рутина за убавина е и домашен третман при кој секојдневно го потопува нејзиното лице во ладна вода, кој помага нејзината кожа да се затегне. А потоа нанесува хијалуронска киселина, следно тоник и масло за лице. А третманот го завршува со нанесување крема против стареење.

Една од најважните тајни за одржување на младиот и затегнат изглед е вежбањето.

„Иако е малку потешко да бидат активна по менопаузата, сепак се трудам секојдневно да тренирам по 90 минути. Вежбам дома и практикувам лесни и едноставни вежби за целото тело.“- вели Дона.