28-годипната Џејд Рис од Кент, досега била бремена 6 пати, но само 2 бремености завршиле успешно, а причината за 4 абортуси мајката смета дека лежат во нејзината „30 на ден “навика.

За време на сите 4 бремености, од самиот почеток, оваа мајка пушела дури 30 цигари дневно, а по последниот трагичен настан, Џејд конечно престанала да ја практикува оваа навика.

„За жал, имам огромно искуство со абортусите и верувам дека причината за тоа е моето несовесно пушење цигари. Секогаш се обвинував самата себеси“- вели Џејд.

Се уште не е научно докажано дека пушењето цигари може да предизвика спонтани абортуси, но сепак статистиките покажуваат дека постојат големи шанси бременоста да заврши со спонтан абортус кај оние мајки, кои за време на истата, ја имаат таа навика.

Пред нејзината 7-ма бременост, мајката конечно се откажала од цигарите и вели дека оттогаш се нема соочено со ниту еден здравствен проблем.

„Бев одлучна дека сакам и трето дете и едноставно не беше фер бременоста да ја осудувам на абортус поради цигарите“- додава Џејд.

Во минатото, самата таа вели дека нејзината лоша навика и била приоритет, наместо децата, при што прво нешто што правела кога ќе се разбудеа е токму палењето цигара.

Сега мајката конечно се ослободила од штетната навика, а тоа го помогнала со специјалист кој е задолжен токму да им помага на мајки да ги откажат цигарите за време на бременоста.