Млада жена стави крај на својата врска со сопругот, поради нејзината сопствена мајка, која го преземала мажот и родила дете од него.

34-годишната Лорен Јул, од Лондон се омажила за Пол Вајт, кога била на 19-годишна возраст. Нејзината мајка Џули која во моментот има 53 години, лично ја платила свадбата на својата ќерка, одвојувајќи 15.000 евра за пригодата. Во знак на благодарност, Лорен на медениот месец со нив ја земала и нејзината мајка.

Осум недели потоа, сопругот Пол ја напуштил Лорен, а 9 месеци покасно, истиот објавил дека е заедно со Џули, која по објавата го родила и нивното заедничко дете.

„Пол секогаш одлично се согласуваше со мајка ми и тие двајца имаа прекрасен однос. Никогаш не сум го сметала ова за чудно, бидејќи едноставно сметав дека само се пријателски настроени еден кон друг. Никогаш не сум видела алармантно нешто во тоа, а и кој би можел да го предивиди?“- раскажува Лорен.

Според нејзините зборови, сопругот Пол драстично го променил неговото однесување по свадбата. Сестрата на Лорен забележала во телефонот на нивната мајка дека често се допишува со Пол, но истата тврдела дека се однесуваат како класични роднини.

По само 2 месеци од свадбата, Пол го симнал брачниот прстен од раката и ја напуштил Лорен, како и нивната 7-месечна ќерка. 9 месеци подоцна, Џули родила негово бебе. Кога Лорен открила дека Пол и нејзината мајка се преселиле и започнале да живеат заедно едноставно не можела да поверува.

Новиот пар веќе стапил и во брак, а Лорен после подолго време има нов партнер и иако вели дека времето лекува сè, веќе никогаш нема да има доверба во нејзината мајка.

Таа дури била поканета и присуствувала на нивната свадба, но овој пат на нејзиното место, кон олтарот чекорела нејзината мајка.