Жена успеала да се породи на природен начин со сијамски близнаци кои се поврзани преку абдоменот. Но, само неколку часа по породувањето таа ја напуштила болницата и ги оставила бебињата кои уште се борат за живот. Лекарите ја молеле мајката да се врати во болницата затоа што на бебињата им е потребна операција. Тие уште не можат да го определат нивниот пол, но изјавиле дека тоа ќе биде можно веднаш по операцијата.

Инцидентот се случил во Индија, а лекарот кој е задолжен за новороденчињата Др. Агарвал изјавил: „И двете имаат по четири екстремитети, срце и други витални органи, но тоа што делат иста папочна врвца ќе предизвика проблеми со цркулација на крвта. доколку имаа посебна папочна врвца тогаш ќе беа многу посилни. Сега очајно им е потребна операција за да можат да продолжат и да имаат шанса.“

32-годишната жена од село во близина на болницата, не знаела дека очекува близнаци, а кога ги здогледала и самата сијамските близнаци била шокирана. Додека Др. Агарвал ги подготвувал документите да ги испрати бебињата и мајката во подобра и поголема болница за да добијат помош, мајката исчезнала од болницата. По одреден период успеале да ја убедат да се врати и да си ги земе близнаците, но бебињата се уште не се однесени на операција. Др. Агарвал вели дека моменатлно не знае каде се наоѓа мајката и во каква состојба се сега близнаците.