Магијата на мајчинството низ објективот на фотографката Сујата Сетиа

Сујата Сетиа е фотографка од Велика Британија која е повеќе пати наградувана за фотографиите и раскажувањето на приказните во нив. Нејзините фотографии ја привлекуваат публиката со лавина на шарени приказни. Делата на Сујата, која се смета за една од најбрзо растечките фотографики од Англија, освоија неколку награди и беа објавени на меѓународно ниво, меѓу кои и од Форбс, Дејли мејл и слично. Таа за нејзиниот проект решила за замоли неколку мајки да се фотографираат заедно со нивните деца.

Сујата вели: „Почнав да се занимавам со фотографирање откако станав мајка и нешто што најмногу ми недостасуваше е што немаше кој да ме фотографира со мојата ќерка. Нешто посебно … нешто што зборуваше за она што го делиме. Тоа чувство ме инспирираше и така, кога ја зедов камерата, решив да го отсликам мајчинството во многу негови форми преку мојата работа.“

„Сега, каде и да патувам во светот, сигурно ќе ги фотографирам мајките насекаде. Го нарекувам мојот ‘проект за мајчинство’. Единствената работа која е карактеристична за моите фотографии е дека никогаш не им кажувам на мајките како да позираат, едноставно им велам да го земат детето во раце и тоа е толку магично што емоциите се рефлектираат во секој кадар.“, додава Сујата.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *