Модниот бренд Фенти дефинитивно ќе ја менува иднината на модната индустрија, а процесот на промени и ново обликување на тој навидум совршен свет, пејачката Ријана веќе го започна и тоа на еден многу генијален начин.

Ријана е кралица од многу причини- нејзиниот моќен глас, бестрашен став и беспрекорен стил, но една работа за која заслужува огромен аплауз е тоа што таа одлучи дека нема компјутерски да ги обработува фотографиите за нејзиниот бренд, односно наместо класичната употреба на Фотошоп што е присутна кај секој луксузен и нелуксузен бренд, Ријана уште еднаш докажа зошто таа е синоним за оригиналност.

Луѓето се воодушевија брендот објави фотографија од манекенка во своето природно издание, без да го преуредува лицето на истата, туку сосема спротивно, докажува дека сите ние треба да се скааме, такви какви што сме.

Во овој случај, Ријана истакна дека луѓето со лузни на лицето, треба да се гордеат со истите, наместо да се срамат, а и ги поттикнува останатите брендови да го направат истото, бидејќи со преуредувањето на фотографиите се создава лажна претстава за тоа што се смета за убаво.

„Јас исто така имам лузни и сум воодушевена од ова“, „Сметам дека е извонредно што Фенти не ги преуредуваат фотографиите. Тоа е вистинската убавина“, гласеа дел од бројните позитивни коментари на социјалните мрежи.