Манекенката Мара Мартин се најде нанасловните страници откако го доеше нејзиното бебе на модната писта за време на ревија на Sports Illustrated. Настанот од медиумите беше опишан како „охрабрувачки и моќен“, но многу луѓе од светот упатија негативни критики до Мара.

Најдобрата пријателка на Мара, Саманта не можела повеќе да ги толерира негативните коментари и решила да објави статус на Фејсбук со кој ќе ја објасни приказната за „страмното доење на модната писта“. Саманта напишала:

„До сите луѓе со негативни коментари: Мара е мојата најдобра пријателка во вистинскиот живот. Таа помина 12 часа на кастингот во потпетици држејќи го нејзиното бебе од 9 килограми во рацете, секој ден за време на процесот за елиминации. На тимот им се допадна и предложија да излезе на пистата со него. Кога дојде моментот да оди на пистата, пред да почне шоуто бебето почна да цица. Уредникот предложи да продолжи и да го земе бебето со неа. Не беше планирано. Всушност ми прати порака, во паника да ми раскаже што се случило. Нема ништо погрешно во тоа, бебето било гладно. Крај на приказната.“

Саманта исто така продолжила да објаснува дека „не било потребно“ да стават жена со вештачка нога во ревијата, но исто така било прекрасно. Таа смета дека целта на ревијата е да се покаже убавината на сите жени, вклучувајќи ги и мајките.

Целата епизода ја започна дискусијата за доењето во јавноста, а охрабрувачкото шоу за поддршка за Мара е позитивен знак дека стигмата се надминува.