28-годишната убавица Гесика Нотаро, која има освоено многу титули во натпреварите за убавина, беше нападната со киселина од страна на нејзиниот љубоморен партнер. Сега несреќната жена по првпат се појави на телевизија, по ужасниот инцидент.

Манекенката најпрво го држеше лицето покриено со голем шал, кој потоа го отстрани и рече: „Сакам сите да ме видат. Погледнете што ми направи тој. Тоа не е љубов!“

Нејзиниот поранешен партнер Хорхе Едсон Таварес продолжува да ја негира неговата вина и ја чека одлуката на судскиот процес. За целото тоа време, Гесика беше хоспитализирана 2 месеци во болница, каде помина низ тешка рехабилитација и со нејзините најблиски можеше да комуницира само преку стакло.

Гесика се запозна со Хорхе пред 3 години, каде и двајцата работеа заедно во Центарот за делфини во Римини, Италија. Во тоа време, Хорхе бил прекрасен со неа и се однесувал многу пристојно, но откако започнаа љубовна врска, Хорхе го променил однесувањето. Започнал да биде премногу љубоморен и постојано и насекаде ја следел неговата партнерка.

„Одлично го познаваше мојот распоред и ако задоцнев 1 минута да се вратам дома, веднаш ме напаѓаше со прашањата каде сум била, што сум правела и со кого.“ – вели Гесика.

Младата жена не можела да го издржи негативното влијание на Хорхе при што одлучила да стави крај на врската, а по краток период пронашла нов партнер, но Хорхе и понатаму продолжил со заканите. Со цел да се заштити и себеси, а и својот нов партнер, Гесика одлучила да живее сама.

„Се плашев да комуницирам со други луѓе и да создавам контакти. Тој ме следеше насекаде и не ме оставаше да дишам. Дури ми се закани дека ќе се самоубие. Започна да ми се заканува и дека ќе ме нападне со киселина, при што ги прашав колегите од Центарот што да направам во тој случај. Дали веднаш да се измијам со вода? Но еден колега рече дека тоа не би било добра идеја, бидејќи во контакт со вода киселината може да навлезе уште подлабоко во кожата.“ – додава Гесика.

Подоцна мрачната закана на Хорхе стана реалност и истиот ја нападна убавицата со киселина додека таа го паркираше нејзиниот автомобил. Веднаш по нападот, Гесика го изгуби нејзиниот вид, а дел од киселината навлезе и во нејзината уста. Вели дека кога за првпат се видела по операциите, била шокирана, но си ветила самата на себе да не се откажува од животот.

„Кога киселината ми протекуваше низ целото лице, паднав на колена и молев за Божја помош. Велев нека ми ја земе убавината, но нека ме остави да умрам. Сега сакам Хорхе да ме види, за да сфати што направи.“ – раскажува Гесика. Според лекарите, жената ќе мора да помине уште 1 година на рехабилитација пред да започне со процесите за естетска хирургија.