Проширените пори се често застапен козметички проблем кај многумина, иако кај некои се помалку видливи, кај некои пак, повеќе. Во секој случај, факт е дека секој би сакал да се ослободи од истите и да има мазно лице.

Хормонските промени, неправилната исхрана, недоволната грижа за кожата – сето тоа може да влије негативно и да придонесе за појавата на проширени пори. Но, без грижи, токму за оваа цел, денес ви ги претставуваме 2-те најдобри домашни маски со кои брзо ќе му кажете збогум на овој козметички проблем.

Доматна маска против проширени пори

Оваа маска е многу лесна и ефикасна, при што дури не ни можете да претставите каков прекрасен ефект врз кожата има чистиот доматен сок. Затоа, исечете ги доматите и вие или со помош на некој друг, наредете ги на вашето лице и така оставете ги да отстојат 10-15 минути.

Потоа, внимателно намачкајте го лицето со свеж сок од домати и оставете го да отстои дополнителни 10 минути. На крај, за миењето на лицето наизменично користете топла и студена вода, а на крај повторно завршете со студена вода.