Доколку досега веќе сте пробале разни домашни маски за лице, но не сте презадоволни од нивниот ефект, тогаш денес ве советуваме да пробате нешто сосема поинакво, кое во козметиката е познато како „отров“ за брчки.

Станува збор за домашна маска за лице со извонреден ефект, на база на путер, која ќе ги врати еластичноста и младиот изглед на вашето лице.

Доколку вашата кожа е сува, често се лупи, се соочувате со здодевни мали брчки, предизвикани од недоволната потхранетост на лицето, тогаш оваа домашна маска е совршената за вас, а во продолжние прочитајте како да ја да подготвите.

Домашна маска за лице од путер

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица путер
  • Половина кафена лажица гриз

Начин на подготовка

Од голема важност е да употребите пресен и висококвалитетен путер за приготвувањето на оваа домашна маска, притоа истиот да биде со 80% масленост.

Растопете го путерот, а потоа измешајте го заедно со гризот.

Добиената смеса брзо нанесете ја врз претходно исчистено лице и оставете ја да дејствува 15 минути. Потоа измијте ја маската најпрво со топла вода, а потоа и со ладна.

Редовното практикување на овој домашен третман ќе резултира со многу мека и нежна кожа, притоа нејзината текстура ќе се изедначи. Вашето лице ќе се освежи и сето тоа благодарение на ретинолот, кој се содржи во путерот, а кој придонесува за производството на колаген честичките.