Многу списанија и луѓе го имаат поставено тоа прашање, „Како Џенифер Лопез секогаш има блескава кожа?“

Иако сите ние веруваме дека тоа се должи на нејзината добра генетика и целиот тим професионалци кој стои зад неа, сепак, сега нејзината лична шминкерка ја открива вистината. Според врвната шминкерка, Мери Филипс, добрата кожа почнува од самите нас, од внатре.

„Ако не спиете, не пиете вода и не ги консумирате потребните витамини- сето тоа ќе се покаже на вашата кожа, а лично ќе го почувствувате во умот и целото тело“- вели Мери.

Филипс, која има соработувано со бројни славни дами од највисокиот круг во Холивуд, вели дека добрата исхрана подеднакво е број 1 фактор за совршена кожа. Покрај квалитетна исхрана и квалитетна хидратација, за да имате здрава и блескава кожа, од витално значење е и рутината за нега.

„Рутината е многу едноставна. Секогаш мијте го лицето пред да си легнете и не заборавајте да ја нанесете соодветната крема, дневна или ноќна, според моментот.“

А доколку вашата кожа е премногу иритирана, Мери ви препорачува, да трчате, не да одите, на патот кон дерматологот и да не си го трошите времето со домашни рутини.

Откако сте го измиле лицето, професионалната шминкерка вели дека треба да „започнете со нанесување на она што е со најлесна текстура. Најпрво нанесете го маслото за лице, потоа серумот, кремот за околу очите и навлажнувачката крема“-објаснува таа. Ваквата рутина треба да ви биде секојдневна навика.

А што се однесува до подготовки за некој свечен настан, по нанесената рутина, Мери вели дека е подеднакво важно и во такви ситуации да се грижите за вашата кожа.

„Дајте си 2 часа, а започнете со туширање. Направете добар пилинг на кожата, направете си масажа на лицето и нанесете ги потребните маски, и за лицето и за телото.“- додава Мери.

Во однос на шминките, Џенифер Лопез, како и секоја ѕвезда користи луксузни козметички производи, но шминкерката објаснува дека важно е производот да биде квалитетен, не само скап.

А за самото шминкање и техниките, вели: „Откако сите течни производи сте ги нанеле на лицето, добро соединете ги и распространете ги на целото лице, а веднаш потоа додадете ја пудрата во прав. Каде и да сте, на секој час, проверувајте си ја шминката и вршете поправки, доколку е потребно. Така секогаш ќе изгледате свежо, како и самата шминка“

За крај Филипс споделува уште еден супер и таен трик. По нанесената шминка, со прстот нанесете многу мало количество регенеративна крема врз истата. Вели тоа повторно ја прави кожата да изгледа токму така, како кожа, а притоа да изгледа и шминката беспрекорно.

Воедно додава: „Ѕвездите немаат беспрекорна кожа бидејќи користат многу скапи производи, туку бидејќи донеле здрави и правилни одлуки за нивната кожа. Имаат квалитетен сон, се хранат квалитетно и имаат одлична рутина за нега“