Чистењето на тоалетната школка е најмалку омилената домашна обврска на речиси секој од нас, но сепак е нешто што мора да се направи, а денес ви го откриваме најлесниот и најефикасниот начин како да го сторите.

Лесен трик за долготрајен чист и свеж мирис на тоалетната школка

Ќе ви биде потребно:

  • 160 гр сода бикарбона
  • 60 мл сок од лимон
  • Половина супена лажица оцет
  • 1 супена лажица хидроген
  • 15-20 капки ароматично масло по ваш избор

Начин на подготовка

Во мал сад, измешајте ја содата со сокот од лимон. Во одделен сад, измешајте го хидрогенот и оцетот. Додадете ја оваа смеса кон претходната од содата и лимонот, притоа направете го тоа внимателно, додавајќи капка по капка. На крај, додадете го и ароматично масло.

Земете лажица и со помош на истата, направете топчиња од добиената смеса. Истите, поставете ги на хартија за да се исушат. За овој процес ќе бидат потребни 4 часа, па затоа најдобро е да ги оставите да се исушат во текот на ноќта.

Кога ќе бидат целосно суви, складирајте ги топчињата во стаклен сад до самата тоалетна школка. И така, секогаш кога ќе забележите дека тоалетната е за чистење, едноставно пуштете едно топче во истата. Ова може да го практикувате 2-3 пати неделно.