Најверојатно ја паметите по култната серија „Докторката Квин“. Токму тој филмски проект ја вивна актерката Џејн Сејмур право кон ѕвезденото небо на славните и ја направи омилена на многу генерации.

Актерката отсекогаш изгледала и повеќе од совршено за своите години, а само минатата година се соблече за славното списание „Плејбој“ и доби бројни позитивни коментари.

Овие денови, Џејн се насладува на прекрасните глетки што ги нуди егзотичниот Сен Тропе, живописнот француски град, кој го спојува планинското со морското. Таму биле снимени бројни филмови, а отседнале и големи имиња како Пабло Пикасо, Брижит Бардо, Франсоа Саган, па така не е воопшто чудно што тоа Докторката Квин го смета за своја омилена дестинација.

На својот официјален Инстаграм профил, легендарната актерка ги почести своите верни фанови со неколу фотографии, снимени на палуба, на кои се гледа дека и повеќе од фантастично, истата го поминува својот летен одмор, а нејзината насмевка е вистинска конкуренција на сончевите зраци.

„Земам од витаминот Е, наречен море. Благодарна сум што на овој прекрасен ден сум тука, но и благодарна сум што ве имам вас!“- напиша Џејн.

Таа од неодамна изјави дека на овие години се чувствува најдобро и најсекси во својата кожа, а причините се и повеќе од јасни!