Целиот свет, особено светот на фудбалот е обвиткан во тага откако пристигна веста дека почина фудбалската легенда Диего Армандо Марадона. Тој беше погребан изминатиот Петок, утрото по традиционалната церемонија, но аргентинската ѕвезда беше погребана без своето срце.

Според блиски извори до извршните органи кои ја водат истрагата за причините за смртта на Марадона, за време на аутопсијата лекарите се соочиле со необична глетка. Срцето на Марадона било многу поголемо од очекуваното. Лекарите постигнале договор со наследниците на фудбалската легенда да го земат срцето, а причината за тоа е да направат дополнителни истражувања.

„Срцето на Марадона е извадено и заштитено за дополнителни истражувања, бидејќи било откриено дека истото е 2 пати поголемо од вообичаеното.“ – велат аргентинските извори, иако не постои јасна цел што понатаму ќе се случува со неговото срце.

Петмина патолози кои учествуваа во аутопсијата се категорични дека ѕвездата починала од срцев удар, како резултат на белодробен оток што довел до нарушување на срцевата функција.