Недоливиот мек куглоф од какао и со неверојатна арома е најдобриот сладок избор со првото утринско кафе. Се приготвува многу брзо, со состојки кои се лесно достапни, а потребно е само да ги измешајте заедно!

Куглоф со какао и кисело млеко

Недоливиот мек куглоф од какао и со неверојатна арома енајдобриот сладок избор со првото утринско кафе. Се приготвува многу брзо, со состојкикои се лесно достапни, а потребно е само да ги измешајте заедно!
Вкупно време30 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: кисело млеко, куглоф
Порции: 4

Состојки

  • 5 јајца
  • 400 гр кисело млеко
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 4 кафени шолји брашно
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 2 супени лажици шеќер во прав
  • 1 пакетче пециво
  • 1 пакетче ванила
  • Половина кафена шолја масло за готвење
  • 2 супени лажици какао

Начин на подготовка

  • Во длабок сад, добро изматете ги јајцата, а потоадодадете го шеќерот и повторно добро изматете, за да може шеќерот да сераствори. Во киселото млеко растворете ја содата и додадете ги кон претходнатасмеса.
  • Добро измешајте ги состојките и додадете го и маслото заготвење. Следно, додадете ја ванилата и постепено започнете и со додавање набрашното измешано со пецивото, додека непрекинато мешате.
  • Мешајте до добивање на соединета смеса, без грутки.Исипете ја смесата во соодветен сад за куглоф, претходно премачкан со масло заготвење и нанесено брашно. Прво исипете ја половината од смесата, а воостанатата половина добро измешајте го какаото и добиената чоколадна смесаисипете ја одозгора.
  • По желба, може да измешајте со дрвено стапче, за да сеформираат прекрасни шари. Печете го колачот на 180-190°C, до негово целосно приготвување.