Секој сопственик на кучиња знае колку нивните сакани миленичиња се тажни кога тие ќе заминат на работа или на одмор. Во моментот кога се враќаат дома домашните миленици не можат да ја скријат среќата и веднаш скокаат од радост.

Но, 6-годишното куче Мареј е прилично необичен пример. Ова куче има свој креативен начин да покаже колку е среќно кога неговиот сопственик конечно пристигнува дома. Наместо да врти со опашката и да чека да се играат со него, Мареј се качува на највисоката точка на куќата на неговиот сопственик, АЈ Али и горделиво го поздравува на уникатен начин.

„Ние не бевме свесни за тоа додека соседите не ни кажаа. Беше застрашувачки затоа што се плашевме дека ќе скокне или падне. Тој се движеше многу брзо по работ на покривот.“, изјавил Али.

Али првин морал да се каќи горе за да го симне кучето и откако открил како го направил тоа, го затворил тој излез. Но, тоа траело само 3 дена.

Мареј повторно нашол „слаба точка“ и се качувал на покривот. „Тогаш решивме да го прифатиме тоа и ни стана смешно.“, додава Али. Тој успеал во одреден момент на покривот да ги однесе и неговите пријатели.

Али е пилот и повремено го зема Мареј со него за време на лет. Тој вели дека Мареј е добар копилот, но често знае да заспие на „работното место“.