Тие се можеби еден од најзастапениот стереотип за американските полицајци, кои обожаваат да ги консумираат со шолја топло кафе. Но, навистина, кој може да одолее на вкусните крофни?

Крофнички со малини: Со 2 јајца и 2 шолји брашно, појадокот е готов, а сите дома се ем сити, ем задоволни

Тие се можеби еден од најзастапениот стереотип заамериканските полицајци, кои обожаваат да ги консумираат со шолја топло кафе. Но, навистина, кој може да одолее на вкусните крофни?
Вкупно време30 минути
Оброк: Breakfast
Кујна: Italian
Клучни зборови: крофни, малини
Порции: 4

Состојки

  • 2 јајца
  • 500 мл кисело млеко
  • 1 супена лажица шеќер
  • Половина кафена лажица пециво или сода бикарбона
  • 100 гр овошје по ваш избор
  • 1 прстофат сол
  • 10 гр ванила
  • 3 супени лажици шеќер во прав
  • 2 супени лажици сончогледово масло
  • 500-600 гр пченично брашно

Начин на подготовка

  • Во длабок сад измешајте ги јајцата со солта и шеќерот, како и ванилата. Исипете го киселото млеко и сончогледовото масло и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Пресејте го брашното со пецивото и замесете еластично тесто, кое не се лепи на рацете.
  • Развлечете го тестото и исечете го на парчиња. Секое од парчињата израмнете го со вашата дланка и во неговиот центар поставете колку овошје сакате.
  • Следно соберете ги краевите и формирајте топка од тестото.
  • Во мало тенџере загрејте го неопходното количество на масло за готвење и потопете дел од топките во загреаното масло. Пржете до нивно добивање на златно кафеава боја.
  • Нанесете шеќер во прав врз крофничките пред нивно сервирање.