Крем Каталан е новиот хит во кулинарскиот свет кој ги освои љубителите на десертите на социјалните мрежи. Со кралски вкус, овој крем е вистинска златна конкуренција на легендарното крем бруле, а се прави многу полесно и е дефинитивно повкусно!

Крем Каталан

Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: крем бруле, домашен крем
Порции: 4

Состојки

  • 1/2 литри пресно млеко
  • 2 јајца + 4 жолчки
  • 100 гр шеќер
  • 1 пакетче ванила
  • 5 прстофати цимет
  • 1 изрендана кора од портокал
  • 1 кафена шолја шеќер за карамелот

Начин на подготовка

  • Поставете го млекото да се вари заедно со циметот и ванилата. Целите јајца, жолчките и шеќерот изматете ги со миксер, до добивање на една соединета кремаста смеса. Со непрекинато мешање, кон јајцата додадете на порции додадете го врелото млеко.
  • Следно, додадете ја и кората од портокал. Вака добиената смеса мешајте ја на водена пареа, додека да добиете густ крем. Добиениот крем исипете го во 4 мали садови, оставете го да се излади т.е поставете го во ладилникот.
  • Шеќерот за карамелот растворете го во 125 мл вода поставена на оган и варете додека да добиете сос за карамел, кој е потребно да го додадете додека е уште врел, врз претходнио добиениот крем. Потоа вратете ги садовите во ладилникот, додека да се излади карамелот.