Ќофтињата од компир се едно од најомилените јадења и на најмалите и на возрасните. Денес ви предлагаме да ги приготвите на најбрзиот начин, без да ги варите компирите.

Ќофтиња од компир

Ќофтињата од компир се едно од најомилените јадења и на најмалите и на возрасните. Денес ви предлагаме да ги приготвите на најбрзиот начин, без да ги варите компирите.
Вкупно време30 мин
Оброк: закуска
Кујна: Американска
Клучни зборови: компир, ќофтиња, ќофтиња од компир
Порции: 4

Состојки

  • 4 средно големи ќофтиња
  • 100 гр сирење
  • 1 јајце
  • 3 страка свеж кромид
  • По вкус магдонос
  • По вкус сол и мелен црн пипер
  • 1-2 чешниња лук

Начин на подготовка

  • Ситно изрендајте ги излупените компири и притоа од истите, добро исцедете ја течноста. Додадете ги јајцето, исеченото сирење, ситно исечениот кромид и магдонос.
  • Зачинете ја смесата со сол, мелен црн пипер и сомелен лук. Добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Додадете масло за готвење во тава и истата поставете ја на силен оган. Земајте од смесата со раце и формирајте ги ќофтињата едно по едно, а потоа додадете ги во врелото масло.
  • Намалете го оганот на половина, за да се испржат добро ќофтињата и да не останат суви одвнатре. При пржењето, нежно притискајте ги за да добијат потенка форма.
  • Кога ќе се испржат од едната страна, тогаш свртете ги и од другата, до добивање на златна крцкава кора.