Секоја жена сонува за густа и здрава коса, но разните хемиски производи, како и термички процеси за обликување, често пати, ја оштетуваат косата, правејќи ја да изгледа сува, кршлива и притоа и склона кон косопад.

Во продолжение ви откриваме одлична алтернатива, како да ја заштитите вашата коса, да го зајакнете нејзиното здравје и да го спречите косопадот, на лесен природен начин.

Домашна маска против косопад, за здрава и силна коса

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица течен мед
  • Половина супена лажица сенф во прав
  • 1 супена лажица масло од чичок

Начин на подготовка и употреба

Изматете ја жолчката, додадете го медот и сенфот, а на крај исипете малку од маслото од чичок и добро измешајте ги сите состојки заедно. Доколку смесата е погуста, може да додадете малку вода за нејзино разредување.

Добиената маска се распоредува по целата должина на сувата коса и се остава да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.