Корисни совети за луѓе кои бараат нова работа

Сакале или не, да имате работа и  кариера се едни од најважните работи во нашите животи. И иако можеби мислиме дека кариерата не е единственото нешто што не дефинира, да имаме добро платена и интересна работа е нешто за што сите мислиме поголемиот дел од времето. Да се најде нешто што навистина би сакале да го правите или нешто што би ви гарантирало удобен живот може да биде тешко. Да бидете врзани за време, финансиски напнати, да чувствувате притисок да докажете нешто, може да биде стресно. Затоа, многу луѓе бараат совети и трикови за тоа како да ја пронајдат таа совршена можност за работа и како да го поминат тоа интервју и да се вработат што е можно побрзо.

Ние ќе ви споделиме неколку совети од експерти за кариера кои може да ви бидат од корист.

  • Никогаш не си одете од интервју за работа без да прашате „Кои се следните чекори во вашиот процес на вработување и кога може да се информирам околу резултатите?“

  • Регрутерите имаат 6 секунди да ја видат вашата биографија и да се осигурат дека ги исполнувате основните критериуми за нивната позиција. Ако го имате овој голем разговорен пасус на почетокот каде зборувате за тоа колку сте одлични, тоа не им додава никаква вредност.

 

  • На регрутерите им треба вашата биографија да биде објективна, здодевна и лесна за читање. Овие фенси биографии воопшто не ви помагаат.

 

  • Проучете ја компанијата.

  • Кога нема да ве вработат, она што треба да го направите е да им испратите порака со зборовите:” Ви благодарам што ме известивте, мило ми е што го најдовте вистинскиот кандидат. Јас многу уживав во вашиот процес на вработување. Што можам да направам за да останам во предвид за понатамошни можности? “Ова им дава до знаење дека сте амбициозни и дека имате силен караткер.

 

  • Интервјуата се двонасочна улица. Обрнете внимание и видете дали работата ви одговара.

 

  • Смислете неколку паметни прашања.

  • Ќе ви дадам едно прашање што секогаш треба да го поставувате на интервјуа за работа. Кога ќе ви дојде редот да поставувате прашања, прашајте: „Може ли да ми кажете за најуспешната личност што некогаш сте ја ангажирале и што точно направила за да биде успешна?“ Одговорот на ова прашање е всушност тоа што тие барат од еден вработен.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *