Бананите имаат чудесен вкус, но речиси на никој не би му биле прв избор кога станува збор за држењето диети, бидејќи сите знаеме за нивната висока хранлива вредност и дека нема да го добиеме посакуваниот ефект.

Но, кој би помислил дека всушност кората на бананата може да ни помогне да ослабнеме?

Најверојатно по прочитаното имате чуден израз на лицето и се прашувате кој би јадел кора од банана? Но, денес ви откриваме нешто многу интересно.

Според истакнатиот нутриционист Сузи Барел, не треба да ги занемаруваме корите од бананите. Сосема спротивно на ова, Сузи е уверена дека токму тие се патот до совршената фигура, прекрасна кожа и квалитетен сон.

Основната причина за ова е богатиот состав од витамини во кората, при што со нејзиното редовно консумирање ќе го зголемиме дневниот внес на хранливи влакна, витамин Б6, витамин Ц и магнезиум. Кората може да ја употребите во приготвување на домашен напиток или во мафини. А може да приготвите и леб од банана.

Се препорачува бананите да бидат свежи, дури и уште зелени. Подеднакво добро е да купуваме и жолти, бидејќи токму во момент содржат најголема хранлива вредност.