Лесни за приготвување, неверојатно вкусни и без вишок на масло, компировите прсти се извонредна замена за класичните пржени компирчиња и чипсот. Еве како може веднаш истите да ги приготвите.

Компирови прсти

Лесни за приготвување, неверојатно вкусни и без вишок намасло, компировите прсти се извонредна замена за класичните пржени компирчиња ичипсот. Еве како може веднаш истите да ги приготвите.
Вкупно време2 часа
Оброк: закуска
Кујна: италијанска
Клучни зборови: компир, компирови прсти
Порции: 4

Состојки

  • 200 гр варени компири
  • 250 гр пресно млеко
  • 1 јајце
  • 400 гр брашно
  • 5 гр сув квасец
  • Половина кафена лажица шеќер
  • По вкус сол, мелен црвен пипер, зачини и лук

Начин на подготовка

  • Сварете ги компирите, а потоа излупете и изгмечете ги.Додадете го кон нив млекото и образувајте пире. Во пирето додадете ги шеќерот иквасецот, добор измешајте, а следно додадете го јајцето и повторно доброизмешајте.
  • Кон добиената смеса додадете ги зелените зачини, мелениотцрвен пипер и лукот и повторно добро измешајте.
  • Постепено додадете го брашното (приближно 200 гр) и доброизмешајте до добивање на тесто погусто од смеса за палачинки. Покријте гоистото со проѕирна фолија и оставете го да втаса за 1 час и половина.
  • За тоа време, тестото ќе се зголеми за 2-3 пати повеќе.Втасаното тесто сè уште ќебиде омекнато, при што сега треба да го доведете до неговата првичнаконзистенција, откако ќе додадете потребното количество на брашно.
  • Добиената смеса поставете ја во готварски шприц и со помош на истиот, формирајте ги компировите прсти.
  • Пржете 3-4 минути, до добивање на нивна златна боја.
  • Потоа истите поставете ги на хартија, за да се впиевишокот на масло.
  • Овие неверојатно компирови прсти одат одлично со сос одкисела павлака. Едноставно кон павлката додадете зачини и лук и по желба, сојасос.