Францускиот фотограф Лео Кајард соработувал со музејот Лувр за проект во кој тој правел класичните скулптури да носат „модерна облека“. За проектот наречен The Hipsters in Stone, Лео првин ги фотографирал статуите, а потоа ги замолувал пријателите да позираат во истата положба но со облека, како што се фармерките, маиците па дури и очила за сонце. Потоа тој го завршил неговиот проект со помош на Photoshop.