За време на карантин, многу поважно од било кога е да се грижите за личната хигиена и чистотата во домот, особено кога станува збор за редовна промена и на постелнината.

„Многу луѓе сметаат дека е доволно само еднаш на неколку месеци да ги менуваат навлаките и постелнината, покажуваат резултатите од едно истражување кое го спровела американска компанија за душеци. Повеќе од 50% од анкетираните изјавиле дека сметаат дека не е неопходно ова често да се прави.

Искрено, не го разбирам ваквиот став и однос кон личната хигиена. Дури и да не сте премногу заинтересирани во оваа тема која е од голема важност за здравјето, едноставно е многу попријатно да се спие во чиста постелнина, наместо валкана.“ – вели Сали Блумфилд, експерт за чистота.

Според истата, најоптималниот период меѓу промената на постелнините е 1 недела. Дури и ако креветот изгледа чисто, за 7 дена во истиот се наталожуваат многу мртви клетки и пот, што придонесува за развој на разни штетни бактерии, кои единствено може правилно да бидат елиминирани со промена и перење на највисока температура, на постелнината.