Овој чудесен колач е нешто што едноставно мора да се проба. Меката основа комбинирана со вкусниот кремаст фил, кој буквално се прелева кога ќе исече парче, го прават навистина неодолив!

Колач „Вулкан“

Овој чудесен колач е нешто што едноставно мора да сепроба. Меката основа комбинирана со вкусниот кремаст фил, кој буквално сепрелева кога ќе исече парче, го прават навистина неодолив!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: колач, куглоф
Порции: 4

Состојки

За филот

  • 2 јајца
  • 2 супени лажици шеќер
  • 5 супени лажици пченично нишесте
  • 500 мл пресно млеко
  • 30 гр путер

За тестото

  • 200 гр брашно
  • 2 супени лажици какао
  • 1 кафена лажица пециво
  • 3 јајца
  • 30 гр шеќер
  • 150 мл пресно млеко

Начин на подготовка

За филот

  • Измешајте ги сите состојки, со исклучок на путерот,поставете ги во тенџере на оган и мешајте, додека смесата не се згусти. На крајдодадете го и путерот, почекајте да се растопи и изладете го филот.

За тестото

  • Пресејте го брашното со какаото и пецивото, измешајте гијајцата со шеќерот, а потоа измешајте ги овие две смеси, додадете горастопениот птуер и млекото и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Исипете го добиеното тесто во соодветен сад, претходнопремачкан со масло за готвење или покриен со хартија за печење. Одозгорараспоредете го филот во центарот и печете 30-35 минути во загреана рерна на 180°C.
  • Врз готовиот колач полејте кондензирано млеко и нанесетечоколадо или кокос, по желба.