Тоа се знаци во хороскопот, кои никогаш не престануваат и вечно се во потрага по нови сродни души, со кои би се впуштиле во нова љубовна авантура.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

1. Близнаци

Претставниците на овој хороскопски знак го обожаваат флертот и романтиката, односно целата таа страст која се случува на почетокот од врската, но пак, нивниот карактер е доста непостојан и често не знаат што сакаат, ниту пак кого сакаат. Сето тоа ги поттикнува Близнаците да започнат неколку врски истовремено.

2. Вага

Многу често, на Вагите им претставува вистински предизвик и тешка задача да направат наједноставен избор, особено кога станува збор за личниот живот.

За да се одлучат за сериозна врска, на Вагите им е потребно многу повеќе време за размислување, а доколку потенцијалниот партнер за врска не е единствениот во нивниот живот и мисли, тогаш овој хороскопски знак целосно се губи, бидејќи не може да ги сфати сопствените чувства.

3. Стрелец

Стрелците обожаваат да истражуваат нови територии, вклучувајќи ја и љубовта. На нив брзо им здосадува од еден ист партнер, но не секогаш имаат смелост да стават крај на неуспешната врска.

Токму во тие моменти, започнува нивниот бурен живот кој наликува на љубовен роман.

4. Водолија

За луѓето родени во овој хороскопски знак, најважното нешто за нив е нивната лична слобода.

Многу често моногамијата за нив е ништо повеќе од застарено клише. Самите тие ретко се љубоморни т.е не се склони да ограничуваат и не сакаат ниту некој друг да им ја одзема слободата. Затоа, кога ќе посакаат да имаат повеќе од 1 партнер, ништо не може да ги запре.