„Болката ве прави посилни. Солзите ве прават похрабри. Скршеното срце ве прави помудри. Заблагодарете му се на минатото за подобра иднина.”

Кога вашиот партнер ве изневерува или лаже, тоа скоро никогаш не е директно поврзано со вас. Секогаш сте доволно добри, дури и кога зборовите и постапките на партнерот ве тераат да се сомневате во самите себе. Вашата самодоверба зависи само од тоа како се доживувате себеси и ништо повеќе и не поврзана со тоа дали сте во врска или колку сте богати.

Лошото однесување на вашиот партнер не фрла сенка врз вас. Ако вашиот партнер ве изневерува, не треба да се срамите од него и да се обидете да го скриете, како да е ваша вина. Всушност, ваквото однесување на вашиот партнер индицира дека тој е полн со проблеми што требало да ги реши пред да се обиде да изгради врска со некого.

Љубовта никогаш не е лоша. Љубовта е прекрасна, чиста и едноставна. Изневерувњето е лошо и болно, лажењето е лошо, скршеното срце е лошо, но сите овие работи немаат никаква врска со љубовта. Да, сето тоа навистина нè повредува, но предавството, лагата и желбата да се прават лоши работи на саканите создаваат страв, а не љубов.

Покрај тоа, само љубовта може да ги излечи раните нанесени од сите овие работи – и пред сè, да ја зајакне љубовта кон самите себе. Започнете да се сакате себе си како што заслужувате. Започнете денес. Сакајќи се себе си со целото срце и ќе почнете да разберете каква љубов треба да очекувате од партнерот – и никогаш нема да се согласите на ништо помалку.

Фактот дека вашата последна врска беше неуспешна не значи дека таков ќе биде случајот и со следната; Не се откажувајте од љубовта – подобро е да се откажете од луѓето кои се обидоа да ви докажат дека љубовта е лоша.