Јајцата можат да бидат бескрајна тема на разговор, почнувајќи од нивните безброј придобивки за здравјето, до многуте вкусни рецепти со истите. Но, денес ќе зборуваме за правилното складирање на јајцата.

Од неодамна се појави нова и интересна тенденција на социјалните мрежи. Односно, домаќинките ширум светот започнаа да практикуваат една корисна кулинарска навика.

Станува збор за замрзнување на јајцата во калапите наменети за коцки лед.

Веднаш по купувањето, ги кршите јајцата и ги складирате во калапот, најпрво биде оваа техника е неверојатно практична бидејќи јајцата правилно ќе ги складирате во ладилникот и може да ги употребите кога и да посакате.

Второ, на овој начин јајцата секогаш остануваат пресни. Така, кога ќе немате многу време за готвење, а итно ќе ви бидат потребни јајца, наместо како досега вообичаено да мора да отидете до маркет, вака секогаш ќе имате јајца во ладилникот.

Исто така, корисен совет е при складирањето да ги разделите белките од жолчките и двете поединечно да ги складирате во различни калапи, при што ќе имате можност за разни рецепти да ги употребите поединечно, кога тоа ќе биде потребно.

Јајцата во ладилникот може да бидат складирани во временски период од 3-4 месеци, а притоа истите по одмрзнувањето не губат ниту една од нивните хранливи вредности.