Потењето помага во балансирање на температурата на вашето тело и се дефинира како „ослободување на течност базирана на сол од вашите потни жлезди“. Тоа може да биде предизвикано од вашата емоционална состојба, сериозна медицинска состојба, па дури и менопауза и бременост (поради хормонални промени).

Апокрините жлезди постојано ја ослободуваат потта, а при достигнувањето на фазата на пубертет доаѓа до зголемување на хормоните кои ги прават потните жлезди подинамични.

Затоа погледнте ги овие неколку важни работи што вашата пот ќе ви ги каже за вашето здравје.

1. Солена пот

Исто како солзите, нормално е потта да е солена. Меѓутоа, ако е невообичаено солена до тој степен што ви ги пече очите, тогаш ова е знак дека можеби ви недостасува натриум.

Една многу важна работа за здраво тело е хидратацијата, и иако звучи нелогично, може да бидете дехидрирани кога ви недостасува натриум во вашата исхрана. Можеби ќе сакате да пиете повеќе енергетски пијалоци за да ги зголемите електролитите кои управуваат со вашите нивоа на натриум и калиум.

2. Едвај се потите

 

Секое тело е различно, некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку, и тоа е сосема природно. Сепак, како и сè друго, премногу или премалку од нешто не е добар знак.

Ако едвај се потите во топол летен ден или додека возите велосипед, тоа значи дека вашите потни жлезди не работат добро. Ова е сериозна состојба наречена анхидроза и може да влијае на целото тело. Тоа доведува до прегревање, топлотна исцрпеност и топлотен удар, кои се алармантни и опасни по живот.

3. Прекумерно потење

Луѓето исто така можат и претерано да се потат, а оваа состојба обично останува незабележана и игнорирана. Прекумерното потење се нарекува хиперхидроза и може да се случи дури и за време на студено време без никаква причина зад тоа. Исто така, обично им се случува на жените за време на менопаузата.

Понекогаш оваа состојба може да биде опасна. Ако се потите додека спиете или чувствувате притисок во градите, тогаш е време да се јавите на лекар.

4. Смрдлива пот

Ако мислите дека потта сама по себе мириса, ве чека изненадување. Потта всушност нема никаков мирис, таа е целосно без мирис. Но, кога бактериите во вашата кожа се мешаат со пот, тоа предизвикува непријатен мирис, а тоа е резултат на стрес.

Постојат 2 типа на пот што доаѓа од различни жлезди. Едната е типично без мирис од еккрините жлезди при прегревање, а другата е со непријатен мирис од апокрините жлезди. Измијте ги местата каде што се потите и забележете дека вашата исхрана, животната средина и лековите влијаат на мирисот на вашето тело.