Мислењата дека компирите дебелеат се сосема погрешни. Овој зеленчук содржи многу витамини и минерали, поради хранливите влакна, компирите се идеални за забрзување на дигестијата и работата на цревата.

100 грама компири содржат 75 калории, што е помалку од 1 чаша сок од портокал, во која има 90 калории. Од друга страна, киселото млеко, кое е втората важна компонената на оваа лесна диета, ја регулира работата на дигестивниот систем, со што ги отстранува вишокот течности, токсини и други штетни материи од организамот.

3-дневен план на исхрана

Ден 1

  • Појадок: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Вечера: 2 шолји кисело млеко

Ден 2

  • Појадок: 1 шолја кисело млеко
  • Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Вечера: 1 варени компир без сол и 1 шолја кисело млеко

Ден 3

  • Појадок: 1 варен компир без сол
  • Ручек: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
  • Вечера: 1 шолја кисело млеко