Кејт Мидлтон повторно успеа да ги воодушеви сите, а овој пат, наместо модна комбинација, причината беше тоа што војвотката се појави без капка шминка на себе, во сосема природно издание.

Поради пандемијата со коронавирусот, Европа овој пат скромно ја одбележа 75-годишнината од крајот на Втората светска војна и Денот на победата, при што настаните за прослава и давање официјални изјави беа сведени на онлајн видео конференции.

Така, по овој повод, Кејт и принцот Вилијам по пат на Интернет, се слушнаа со воените ветерани од нивниот дом и ги слушнаа нивните приказни и лични сведовштва за војната.

За време на видео конференцијата, војвотката се појави во сосема природно издание и покажа како изгледа сега во секојдневието за време на карантин, кога не посетува јавни настани.

Без грам шминка, Кејт ги воодушеви сите со нејзината природна убавна!