На почетокот на оваа година, Меган Маркл и принцот Хари ја фрлија светската „бомба“ на годината, објавувајќи дека го напуштаат кралското семество, бидејќи сакаат да бидат финансиски независни.

Така целиот товар, поврзан со кралските должности „падна“ на грбот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тие исто така целосно ги извршуваа кралските обврски, сè додека изненадно не објавија дека и тие се повлекуваат, но само привремено.

Кратко по веста, на Островот започна да се шират гласини дека кралицата Елизбета Втора лично ја подготвува Кејт за следна кралица на Велика Британија и дека токму поради оваа причина, младата војвотка добила строга забрана од кралицата, со која целата нејзината иднина е преодредена.

Односно, не е никаква тајна дека Кејт посакува да има и четврто дете. Самата војвотка има кажано дека таа и принцот Вилијам имаат желба за уште наследници. Но, кралицата Елизабета Втора сега строго забранила Кејт да раѓа уште деца.

Причината поради оваа необична забрана е наводно поради фактот што Кејт и Вилијам имаат и во иднина ќе имаат уште повеќе кралски должности, поради кои ќе имаат многу помалку слободно време.

„Бременоста, раѓањето и понатамошната грижа за четврто дете би им одземало многу време на Кејт и на Вилијам, кои треба инаку да се фокусираат на нивната работа и функција како идни крал и кралица. Поради оваа причина се појави и забраната, нешто поради кое војвотката Кејт е страшно разочарана и гневна.“ – велат анонимни извори од Бакингамската палата.