Не мора да бидете експерт по психологија за да ги читате луѓето. Општо знаење и можност за гледање, анализирање и споредување се доволни. Физичките одлики се како мали клучеви што го отклучуваат карактерот на луѓето.

Погледнете каков прв впечаток оставате кај луѓето и имајте на ум дека овој текст е напишан за забавни цели.

1. Големи усни

На луѓето кои имаат големи усни се гледа како на екстроверти. Тие изгледаат поискрено и попријателски настроени од луѓето со тенки усни. Се смета дека луѓето со поголеми усни можат полесно да ги изразат своите емоции  и да имаат поголемо ниво на еммпатија, дури и кон непознати.

2. Тенки усни

Луѓето со тенки усни секогаш изгледаат како да уживаат во она што го прават и за нив се смета дека се интровертни.

3. Голем нос

Ако имате голем нос, луѓето веројатно ве доживуваат како амбициозен и по малку перфекционист. Луѓето со голем нос изгледаат како силни лидери. Тие изгледаат како самоуверени луѓе кои не се плашат од предизвикувачки ситуации. Тешко да се влијае врз нив, бидејќи тие секогаш изгледаат како луѓе кои знаат што им треба.

4. Дебели веѓи

Луѓето со густи веѓи се доживуваат како влијателни и самобендисани индивидуи кои целат високо и секогаш ги постигнуваат своите цели.  Без оглед што им стои на патот, тие секогаш се справуваат со тоа брзо и самоуверено.

5. Брчки околу очите

Луѓето кои имаат брчки околу очите обично се доживуваат како искрени. На нив се гледа како на луѓе кои земаат сè при срце. Луѓето често им се доверуваат, бидејќи изгледаат доверливо.

6. Широко лице

Широко лице е типично за ефективни и силни лидери. Луѓето со оваа карактеристика на лицето се доживуваат како моќни, па дури и агресивни.

7. Големи очи

Луѓето со големи очи се доживуваат како креативни, со отворен ум и веројатно имаат висока емоционална интелигенција. Понекогаш другите ги сметаат за прилично чувствителни.