Тестот на урината ви открива да дознаете важна информација за состојбата на вашето тело и здравје. Тоа може да го направите и без да изглегувате од дома, а сè што треба да направите е да обратите внимание на нејзината боја.

Бојата на човечката урина

Истакнатиот британски лекар Крис Стил вели дека е многу важно при прегледот на бојата на урината, да земете во предвид што сте консумирале, пиеле или какви лекарства сте примиле. На пример, цвеклото и црвените овошја даваат црвена нијанса на урината, мултивитамините кои содржат ретинол ја прават урината впечатливо жолта или портокалова, лаксативите доведуваат до потемнување.

Безбојната урина е знак дека личноста има нарушен воден баланс, што може да се должи на примента на диуретици.

1. Интензивно жолта боја

Најчесто ваквата боја се забележува наутро и при зголемено ниво на токсини во организамот. Во текот на ноќта бубрезите работат за прочистување на телото. Доколку оваа боја се забележува во текот на целиот ден, тогаш тоа е индикатор дека телото е дехидратирано.

2. Темно жолта урина

Оваа боја е најчесто знак за заболување на црниот дроб. Исто така, при оваа состојба може да се очекува да се види и пожолтени кожа и очи.

3. Бледо црвена урина

Ова боја е алармантен сигнал (доколку личноста нема консумирано црвени плодови). Овој симптом е најчест индикатор за воспаление на бубрезите, мочниот меур и слично. Неопходен е лекарски преглед.

4. Црвена урина

Црвената урина може да биде индикатор за присуство на камен на бубрезите или пак знак за тумор. Луѓето со ваква боја на урината се крајно дехидратирани и неопходно е веднаш да посетат лекар.