Убавата и здрава коса секогаш ќе биде важен дел од добриот изглед. Промените во бојата на косата, нејзиното хемиско и термичко третирања може да ја нарушат нејзината структура. Затоа е важно да се грижите секојдневно за Вашата коса.

Бидејќи витамините ја подобруваат состојбата, еве неколку придобивки од витамин Ц за здравјето и убавината на косата.

Го запира опаѓањето

Губењето на косата може да се должи на хормонална нерамнотежа, промена на годишните времиња, хранливи проблеми, дефицит на хранливи елементи и други. Витаминот Ц може да помогне за овој проблем, затоа што тој е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да го апсорбира железото подобро.

Друга причина за појавата на губење на косата е токму дефицитот на железо. Исто така витамин Ц помага во борбата со слободните радикали, кои се причина за оштетувањето на фоликулите на косата, што ја зголемува загубата на косата.

Се бори против првутот

Првутот е еден од најтврдоглавите проблеми чиј третман може да трае со недели. Тој може да се појави и како резултат на слаб имунитет. Земањето на витамин Ц, помага не само за јакнење на имунитетот, но и се грижи за здравјето на кожата по целото тело, вклучувајќи и на скалпот.

Го намалува ризикот од предвремено стареење на косата

Уште една од придобивките на витамин Ц за здравјето и убавината на косата е дека тој го намалува ризикот од предвремено стареење. Предвременото стареење се случува кога вашето тело ќе престане да произведува меланин. Витаминот Ц може да ја забави појавата на овој процес, благодарение на своето антиоксидантно дејство.

Го забрзува растот на косата

Растот на нова коса, одржување на добра густина и состојба се дел од знаците на здрава коса. Тие можат да се подобрат преку регуларното внесување на витамин Ц, бидејќи витаминот има важна улога во синтезата на колаген.
Колагенот е важен, бидејќи е еден од главните агенти кои ја градат косата. Оваа супстанција исто така дава поголем волумен, зголемувајќи го дијаметарот на секое поединечно влакно.

Ја прави косата посјајна

Ако сакате вашата коса да изгледа сјајно, додадете кон дневното мени витамин Ц или мали количини од него кон домашните маски за коса.