„Самата си го уништив својот брак. Би дала сè на овој свет да можам да го вратам времето и да ги поправам грешките.“

Една жена реши да ја сподели својата приказна со нас. Таа го уништила својот брак поради неколку причини, кои реши јавно да ги сподели, за да и останатите жени не ги направат истите грешки како неа.

„Не поставив граници за родителите“

„Тие често беа кај нас дома. Доаѓаа ненајавени и слободно си влегуваа во домот. Тие „помагаа“ низ куќата и правеа работи, кои никогаш не ги побаравме и посакавме. Со нив одевме и на одмор. Донесуваа одлуки за нашите деца. Моите сопствени стравови ме спречија да поставам контрола за родителите и да ја преземам контролата во моите раце. Едноставно кажано, мојот сопруг се ожени целото мое семејство“

 „Ретко водевме љубов и станав упорна, постојано приговарав“

„Мислев дека љубовта значи и комплетна искреност, но сите знаеме дека вистината боли. Кога се опуштив во бракот, станав преуморна за односи. Тој дури кога ќе направеше мал обид да ме допре, постојано го напаѓав со зборовите „Што правиш?“

Наместо да му помогнам, јас едноставно го омаловажував. Често му велев, дека неговата работа и не е нешто посебно и дека сигурно таму времето го поминува гледајќи ги неговите слаби колешки (бидејќи јас имав вишок килограми). Постојано му велев дека погрешно ги прави работите, но тој едноставно ги правеше на различен начин од мене.

Понекогаш со него разговарав како да е дете. Ги контролирав семејните финансии и му се карав за сите дополнителни трошоци. И во спалната соба правеше сè погрешно и јас тоа му го кажував во лице. Кога нашиот брак се распаѓаше, јас постојано грешките ги барав во него, за да си ја оправдам мојата доминантност. Во крајна цел, јас воопшто немав почит кон мојот сопруг и тоа му го покажував јасно и отворено.“

„Не се ни обидов да научам како правилно да се расправам“

„Знам, звучи чудно да се каже дека има правилен начин да се расправаш со некого. Јас бев склона да молчам, за да го зачувам мирот во куќата, но ниту во тоа не успеав. Сите мали нешта за кои премолчував на почетокот, на крај прераснаа во огромна топка гнев, кој се претвори во ужасни напаѓања кон мојот партнер. Полудував често.

Сега, кога ќе се навратам на сè, на целиот наш брак, очигледно е, јас бев кучка.

Го пишувам ова со надеж, дека на некаков начин ќе успеам да си го вратам сопругот и да го замолам за прошка. Го пишувам ова, бидејќи не ми се верува колку долго ја држев главата во песок.

Се надевам дека преку мојата приказна, останатите жени ќе сфатат дека понекогаш за распаѓањето на сопствениот брак, сме виновни ние самите, ние допринесуваме за неговиот распад и уништување.

И иако сум гневна што мојот сопруг, нашите брачни проблеми ги реши во креветот на друга жена, воедно признавам, дека јас со моето однесување го турнав таму.“