Децата доживуваат стрес на ист начин како и возрасните. Околу 13% од децата се соочуваат со вознемиреност кога живеат во нездрава и негативна средина, односно кога се под влијание на токсичната врска меѓу родителите, која е опасна за сегашноста и иднината на детето.

Токму затоа важно е да се знае како може да се избегне овој проблем и да се изгрди здрава врска, за доброто на семејството. За таа цел, денес ви откриваме 4 лесни начини како не го изложите вашето дете на стрес, како резултат на токсичен однос:

1. Тие можат да се чувствуваат болни цело време

„Пренеси му на татко ти дека нема да разговарам со него“- Овие фрази, испреплетени со негативни емоции кон вашиот партнер, му покажуваат на детето на погрешен начин што значи да се биде семејство. Едно истражување покажа дека доколку не ги контролирате своите емоции, тие може да влијаат на физичкото здравје на вашето дете.

Во исто време, родители кои можат да управуваат со своите чувства, имаат деца кои имаат повисоко оценки на тестовите по математика и читање.

Што да направите: Обидете се да ги контролирате чувствата при караница со вашиот партнер, доколку и вашето дете е присутно. Истовремено, некои луѓе започнуваат да посетуваат психолог или пак, купуваат специјални книги кои им помагаат во намалувањето на стресот. Како партнери, потребно е постигнете договор да не го користите вашето дете, за да манипулирате еден со друг.

2. Тие се навикнуваат да бидат жртвата

Кога постои психолошка злоупотреба од страна на едниот партнер, со што го понижува или уништува психички другиот партнер, тогаш се јавува индиректна злоупотреба на самото дете. Децата стануваат жртви и можат единствено да се стекнат со лошо емотивно искуство.

Што да направите: Прифаќањето дека може да сте дел од проблемот е тешко, но на потребно е да бидете искрени со себе.. Свеста може да ве доведе до ново ниво и можеби тоа ќе биде почеток на решавање на вашите проблеми. Организирајте сесија т.е терапија заедно со сопружник или сами, доколку сметате дека ви е потребна.

Размислете за она што ќе го кажете или правите. Доколку ви е потребно време да се смирите, тогаш земете слободно време. Секогаш е подобро да преземете нешто, отколку да имате постојани емоционални караници или да се жалите пред вашето дете.

3. Тие се чувствуваат виновни

За време на тешки проблеми, развод и во токсични врски, чувството за семејството се губи, а многу често децата може да се чувствуваат виновни за караниците и да чувствуваат дека нивна задача е да го решат семејниот проблем. Децата можеби ќе се обидат да ги смират своите родители на свој начин или дури и да реагираат непредвидливо: Со викање, плачење или одбивање да направат нешто.

Што да направите: Треба да му кажете на вашето дете дека не е негова вина што се расправате со вашиот партнер, имате проблеми или пак, во крајна сметка, се разведувате. Ова ги ослободи вашите деца од голем товар и нема да остави белег врз нив, на психички начин.

4. Тие се обвинуваат себеси

Кога родителот се чувствува виновен цело време, ваквото расположение може да да го оддалечи од неговот дете. Во некои случаи, родителите купуваат многу играчки и бонбони за да го задоволат своето дете, во други случаи, тие не забележуваат ништо друго освен сопствена болка.

Што да направите: Надминете го вашиот проб лем и престанете да се жалите за работите. Секој пат кога ќе почнете да се чувствувате виновни, само преминете на некоја друга активност. Одлично би било тоа време да го насочите кон дружење сов вашето дете. Престанете да го расипувате вашето дете со играчки, затоа што најдобриот подарок е вашето внимание.