Колку и да се обидуваме да се спротиставиме на времето и стареењето, овие процеси се неизбежни, односно човекот сè уште не открил како истите да ги контролира. Стареењето, порано или подоцна, се случува кај секој, но истото настапува на различни начини.

Врвните дерматолози истакнуваат дека постојат 4 типови на стареење на кожата и уште еден, кој се смета за комбиниран тип.

Воедно, истите откриваат и една мала тајна- Да за козметичките процедури бидат ефикасни и ја обноват вашата кожа, најпрво треба да утврдите како старее вашата кожа, односно кој тип на брчки го имате.

Денес ќе ви раскажеме малку подетално за различните типови и како правилно да се грижите за вашата кожа:

1. Уморен тип на стареење

Според козметичарите, овој тип се смета за најприродниот тип на стареење. Најчесто се среќава кај послабите дами со овална форма на лицето.

Карактеристики: Спуштен тонус на меките ткива, кожата е сува и го губи својот сјај, назолабијалните брчки се лесно видливи, аглите на устата се надвиснати и при истите се појавуваат брчки. Овие промени го прават лицето да изгледа уморно.

Како да се справите:

  • Користење на филтери на база на хијалуронска киселина, кои ги моделираат контурите на лицето.
  • Процедури со различна апаратура, кои го зајакнуваат мускулниот тонус.
  • Рачна масажа
  • Мезотерапија и биоревитализација
  • Неагресивен пилинг во комбинација со антиоксиданти и витамини.

2. Стареење со фини брчки

За жените кај кои се појавуваат вакви промени, вообичаено се вели дека стареат убаво.

Карактеристики: Впечатливо количество на фини брчки со тенка и сува кожа, која е склона кон вцрвенување и дразнење, а на зрела возраст се претвора во „пергаментска кожа“. Поткожните ткива се многу мали и мускулниот тонус останува активен долго време, при што структурата на лицето не се менува.

Начин на подмладување:

  • Утврдување на конкретните повреди на тенката кожа и борба против влијанието на ултравиолетовата радијација.
  • Фото-подмладување, биоревитализација, мезотерапија.
  • Површински, средно-интензивен пилинг.
  • Козметички гел за пополнување на брчките.
  • Ботулинска терапија за корегирање на брчките.

3. Деформациски тип на стареење

Овој тип на стареење најчесто се појавува кај жените со прекумерена телесна тежина.

Карактеристики: Контурите на лицето се видно дефомирани поради поткожен мастен слој. Надвисната кожа, појава на брчки по вратот и деколтето, надвиснати очни капаци.

Начин на подмладување:

  • Пилинг и ласерско подмладување за обновување на тенот.
  • Скулптурни масажи за зајакнување на мускулите.
  • Миостимулација.
  • Вежби за лицето.

4. Мускулен тип

Овој прекрасен начин на стареење е карактеристичен за азискиот тип на лице. Овие луѓе имаат добри развиени фацијални мускули, но поткожните масти не се толку добри.

Карактеристики: Нарушување на пигментацијата на кожата, надвиснување на кожата и очните капаци, истовремено формирање повеќе слоеви. Изразени назолабијални брчки. Но, кожата останува мазна долго време, а обликот на лицето не се деформира дури и на стари години.

Начин на подмладување

  • Стимулирањен на производството на колаген, еластин и хијалуронска киселина.
  • Мезотерапија и хемиски пилинг.
  • Ласерско подмладување.

5. Комбиниран тип

Овој тип на стареење најчесто се среќава кај жените со комбинирана кожа. Најчесто се комбинираат типовите со мали брчки и деформацискиот тип. Или пак останатите 2 типа.

Карактеристики: Меки ткива, кои најчесто надвиснуваат во средниот и долниот дел од лицето, а изобилство од мали брчки се појавува околу очите и челото.

Начин на подмладување

  • Хемиски пилинг
  • Мезотерапија и биоревитализација
  • Скулптурна масажа на лицето
  • Вежби за лице
  • Ласерско подмладување