Дали ви се случило да ја купите најмодерната боја на кармин и веќе дома, пред огледалото, да сфатите дека бојата воопшто не ви одговара и ве прави да изгледа постаро и не толку убаво?

Како и кај сето останато, така и за изборот на кармин, важи правилото на возраста. Факт е дека со текот на времето, нашите усни ја губат својата текстура и природна боја и не изгледаат исто како на 20 и на 50 години.

За таа цел, денес ви откриваме како правилно да го изберете карминот, според вашата возраст:

1. Млади девојки

Младите девојки вообичаено претпочитаат сјајни и блескави усни. Според експертите, младите дами треба да изберат боја која ќе го задржи нивниот природен изглед, но сепак ќе им даде впечатлив акцент на усните.

2. Од 25 до 40 години

Од 25 до 40 години е возраста на смелите експерименти. За дамите на овие години, според експертите, најдобри се кармините со матирачки ефект. Воедно, за дамите на 40-годишна возраст, најдобри се кармините со богата кремаста текстура и нијанси што доаѓаат од палетата на црвената боја. Тоа ќе го освежи нивниот изглед и ќе го зголеми шармот.

3. Меѓу 40 и 50 години

Професионалните шминкери сметаат дека за дамите на оваа возраст идеални се топлите тонови. Може да изберете портокалови нијанси, кои ќе го истакнат вашиот тен, а воедно не заборавајте да додадете и малку руменило на образите, за да уште повеќе ги истакнете и усните.

4. Над 50 години

Според експертите, за дамите над 50-годишна возраст, најдобро е да се омекне нијансата на кармин. Но, сепак доколку претпочитате повпечатливи тонови, како црвената, сепак подобро е да изберете кармини со кремаста текстура, наместо со матирачки ефект.