Најверојатно и вие подготвувате туршија или едноставно претпочитате да ги замрзнувате зеленчуците. Вториот начин е омилен на повеќето, бидејќи се задржува целиот витамински состав.

За таа цел, денес решивме подетално да ви раскажеме за тоа како правилно да ги замрзнете различните видови на зеленчуци и зачини, така што целосно ќе ги зачувате сите нивни хранливи вредности и витамини:

Како правилно се замрзнуваат зеленчуци

1. Пиперки

За најдобро складирање, внимателно исечете ја срцевината на пиперките и замрзнете ги цели. Пред да ги замрзнете, не заборавајте претходно да ги потопите во топла вода, во времетраење од 30 секунди, а потоа веднаш потопете ги во студена вода. Откако пиперките ќе се изладат и ќе се исушат, можете да ги замрзнете.

2. Спанаќ, копар, магдонос

Копарот и магдоносот едноставно исечете ги, а потоа складирајте ги во ќеси и замрзнете. Спанаќот пред замрзнувањето, потребно е исто како пиперките, претходно да биде потопен во топла, а потоа и во ладна вода. По овој процес, исечете го и замрзнете го.

3. Модар патлиџан

Бидејќи модрите патлиџани имаат специфичен горчелив вкус, нанесете врз истите малку сол пред замрзнување и оставете ги да отстојат така половина час. Исплакнете ја солта и поставете ги модрите платиџани да се варат во времетреаење од 3 минути. Кога патлиџаните ќе се изладат, исушете ги и складирајте ги во ладилникот.

4. Домати

Доматите може да ги замрзнете на 3 начини:

  1. Најпрво да се пасираат, а потоа на делови да се замрзнат- На пример, во калапот за лед, а потоа во ќеси за замрзнување.
  2. Доматите да бидат исечени во форма на прстени и замрзнете ги, поставени на површината на проѕирна фолија, а потоа складирајте ги во соодветен сад.
  3. Замрзнете ги во нивната целосна форма, користејќи соодветни ќеси за замрзнување.

5. Цвекло

Цвеклото може да биде замрзнато во свежа форма, без претходно потребно приготување. Истовремено, за подоцнежна попрактична употреба при готвењето, можете цвеклото пред замрзнувањето да го исчете на коцки.