Здравјето на крвните садови не зависи само од еластичноста на нивните ѕидови, туку и од нормалното функционирање на бубрезите. Нивниот тонус се формира благодарение на ренинот кој се лачи токму од бубрезите.

При проблеми со овој орган се појавуваат флуктуации во долната граница на крвниот притисок. Токму затоа и овие флуктуации се нарекуваат бубрежни.

Зголемувањето на вредностите на долната граница можат да бидат предизвикани од:

  • Стеснување на артериите на бубрезите
  • Хронично бубрежно нарушување
  • Гломерулонефрит
  • Пиелонефрит
  • Вишок од натриумови или јодни соединенија во организамот
  • Надбубрежна дисфункција
  • Заболувања на штитната жлезда

Но, доколку и двата показатели на крвниот притисок се зголемени, неопходно е проблемите да се бараат во функционирањето на срцето и крвните садови.

Падот на дијастолниот крвен притисок често се случува поради:

  • Дехидратација
  • Туберкулоза
  • Анемија
  • Стрес

Симптомите при зголемување или намалување на бубрежниот притисок вообичаено се незабележливи, а проблемот само може да се утврди при мерење на притисокот. Понекогаш личноста може да се чувствува слабо, изнемоштено, да има заматен вид и надразнетост. Ваквата состојба може да биде индикатор за вообичаен замор или за намален крвен притисок.

Особено важно е да се следат падовите на притисокот, особено да се внимава кај луѓе кои доживеале прединфарктни состојби и бремени жени.

Крвниот притисок е важен показател за состојбата на кардиоваскуларниот систем. Подеднакво е опасен и високиот, како и нискиот крвен притисок. Затоа и при појавата на најмал проблем, започнете со редовно мерење.