Секоја жена во Јапонија го планира својот ден на начин кој најмногу одговара на нејзиното секојдневие. Но, генерално, распоредот на сите е горе-долу ист, особено кога станува збор за оној на вработените мајки или домаќинки. Интересно е да научиме колку е различен начинот на живот на жените во јапонското општество во споредба со она на што се навикнати западните жени.

Во продолжение погледнете како приближно изгледа дневениот распоред на кој се придржуваат повеќето Јапонки:

Наутро

Жените во Јапонија, по правило, стануваат нешто после 5 часот наутро, и тоа го прават многу тивко за да не ги разбудат сопругот и децата. Децата од предучилишна возраст во оваа земја обично спијат во ист кревет со своите родители.

По рутината за лична хигиена, Јапонките или започнуваат да подготвуваат појадок или започнуваат со перење на облеката. Тие не се тушираат наутро – вообичаено тоа го прават навечер после работен ден. Наутро, Јапонките само ја чешлаат косата, ги мијат забите и лицето.

Ако остантите членовиод семејството се веќе исто така будни, тогаш Јапнките ќе го наместат креветот. Но, тие го прават ова на поинаков начин отколку ние. Многу луѓе немаат покривки, затоа треба само да го рашират чаршафот рамно и уредно да ги преклопат јорганот и перниците за да нема видлив неред.

Појадокот за едно јапонско семејство е исто така различен од оној на кој сме навикнале во другите земји. Тие не се задоволуваат со брзи сендвичи или пржени јајца. Наместо тоа, тие подготвуваат целосен оброк – приготвуваат зеленчук, пржат место и готват ориз.

Наутро треба да подготват појадок за своето дете за на училиште. Се разбира, некои мајки се задоволни со тоа што нивното дете појадува во училишната кафетерија, но ова обично се смета за непристојно. Една мајка во локалната заедница се проценува според тоа каков вид појадок носи нејзиното дете на училиште. Ако ручекот е лош или ако детето воопшто не појадува, мајката се смета за лоша, а истото важи и обратно. И не е доволно само да се стави храна во кутијата за ручек. Треба да го направите тоа убаво, правејќи уникатни фигури од храната – така што воопшто, мора да покажете некаква креативност.

Сопругот се буди така што има доволно време да појадува и веднаш да оди на работа.

Начинот на како Јапонките мијат садови, повторно не е ниту сличен на начинот на кој ние го правиме тоа. Водата не е пуштена да тече подолго време – тие едноставно нанесуваат средство на сите садови за готвење, а потоа ги ставаат во мијалникот додека водата е исклучена. Потоа исплакнуваат сè заедно.

Интересно е што некои Јапонки не користат детергент за миење садови за да ги заштитат своите раце. Наместо тоа, тие ставаат специјален сапун во мијалникот. Ова им заштедува време затоа што немаат потреба да земаат шише и да го истиснуваат производот секогаш кога ќе им треба малку сапун – тие само го тријат сунѓерот на сапунот и тој се пени.

После појадокот, детето мие заби по втор пат, потоа се облекува и се носи во училиште или градинка. Многу жени во Јапонија имаат велосипеди со корпи и специјални детски седишта.

Училиштата и градинките во оваа земја се отворени од 6 до 20 часот. така што е погодно за родителите кои работат да ги земаат своите деца. Се разбира, децата не учат во текот на целиот овој период – има паузи за игри.

Откако една јапонска мајка ќе го однесе своето дете на училиште, таа се враќа дома и самата појадува. И тогаш оди на работа ако не е домаќинка.

Во текот на денот

Ако жената не работи и нејзиното дете не достигнало училишна возраст, таа го поминува целиот ден со него. Всушност, таквите мајки не се во можност да испраќаат бебе во градинка, бидејќи установи за згрижување деца се достапни само за родители кои работат.

Во текот на денот, домаќинките чистењат, готвеат и миејат и одат на шопинг. И, секако одат на прошетка со своите деца. Ова го прават главно во паркови. Има дури и посебен термин за овие жени во Јапонија познат како „парк мајки“.

Општеството во такви паркови има строга хиерархија. Секоја мајка има своја „титула“, а влегувањето во локалниот парк на мајки не е толку лесно – само водачите можат да одлучат дали да прифатат нови жени во нивниот „клуб“.

Во однос на работните жени, тие ги одложуваат сите домашни работи до вечерта. Откако мајката го зема своето дете од градинка или училиште, таа оди со нив во самопослуга и потоа се враќа дома.

Навечер

Првото нешто што жената треба да го стори е перењето на облеката, ако не го стори тоа наутро, бидејќи во Јапонија е непристојно да се започне овој процес по 19 часот. Многу луѓе легнуваат околу ова време и можат да се жалат на бучавата.

Јапонките перат алишта секој ден. За еден, ова се должи на фактот дека децата брзо ја валкаат облеката, и второ, поради нивната неверојатна чистота. На пример, локалното население секојдневно ги менува крпите во нивните бањи.

По чистењето и перењето алишта, жените сами се бањаат, а потоа ги капат децата. Потоа готват вечера. Интересно, во некои станбени згради, водата е многу хлорирана, така што не може да се пие или да се користи за готвење. Луѓето треба да купуваат минерална вода за овие цели.

Пред спиење, жените подготвуваат ориз за појадок. Тие го ставаат во посебен уред – шпорет за ориз. Има функција на тајмер, така што оризот ќе започне да се приготвува во одредено време и да не мора да се готви наутро.

Детето прво се става во кревет, а жената може да си го посвети целото време преостанато во текот на ноќта.