Нашите акценти, говорот на телото и начинот на однесување можат да им дадат до знаење на сите околу нас од која држава сме, дури и пред да им кажеме. Сепак, постојат и други посуптилни културолошки разлики во однесувањето што ве „издаваат“ кога одите на одмор во странство. Не сме ни свесни за некои од овие работи се додека некој не ни ги укаже.

Корисникот на редит Мкнап37  ги замоли луѓето да споделат начин на кој може да препознаете дека турист е Американец, покрај неговиот акценти. Луѓе од целиот свет, вклучително и од САД, ги споделија своите мислења и искуства.

  • Ме ​​нарекува Афроамериканец иако сум од Холандија

  • Кога Американците ќе ја преминат улицата, очекуваат автомобилите да застанат за нив. Во мојата земја, автомобилите ќе ве прегазат без око да им трепне.

 

  • Додека бев во Кореја, случајно разговарав со еден пријател во автобусот, со нормален тон. Не помина една минута, дамата пред нас се сврте и многу лежерно рече: „Те молам, смири се“. Претпоставувам дека американскиот тон е значително погласен.

  • Јас еднаш отидов во Русија, и тие знаеја дека сум Американец затоа што премногу се смеев.

 

  • Велат: „Здраво, како си?„ на шанкери, келнери, работници во малопродажба. Мојата земја ја нема таа култура, па затоа сметам дека е навистина слатка.

  • Американците се воодушевени од старите работи. Мојата девојка порано работеше на фарма во Велика Британија и честопати имаше Американци кои се „ѕвереа“ кон старите згради. Еднаш, еден рече: „Некои од овие згради се постари од мојата земја“.

  • Кога бевме на посета во Париз, јас и сопругата дознавме дека тие не те седнуваат во ресторани. Само влегувате и седнувате на слободна маса. Ова го сфативме откако стоевме на влезот неколку пати. Потоа започнавме да забележуваме и други американски туристи го прават истото.

 

  • Тие се превозбудени за нешто обично. „Леле види колку е зелена тревата!“

  • Самодоверба. Никогаш не сум видел некој да оди толку самоуверено во погрешна насока како што тоа го прави Американец.