На секоја жена ѝ се случува да погледне во плакарот, да го види омиленото здолниште и да си помисли: „Не можам да го носам надвор е ладно“. Многу дами забораваат на здолништата во есенските и зимските периоди, а пак некои ги носат на несоодветен начин и се смрзнуваат. Ние ќе ви покажеме како да изгледате прекрасно во здолнипте и во грејната сезона.

Право „молив“ здолниште

Модата на овие здолништа никогаш се поминува и секоја година се смислуваат покреативни модели. Носете вакво здолниште на чизми или високи потпетици и ќе изгледате елегантно и шик.

Кожно здолниште

Долгото здолниште, направено од кожа и топол џемпер, е безбедна комбинација за претстојната зима. И не само слабите жени можат да облечат такво здолниште, туку и дамите со екстра сантиметри во појасот – огромниот џемпер сигурно ќе ги маскира проблематичните области.

Непобедливата комбинација на ролка и широко здолниште

Доколку не сакате молив здолништа ова е совршената комбинација за вас.

Здолниште и обемен џемпер

Џемперот можете да го ставите внатре во здолништето и така ќе добиете посериозен изглед, а можете да го ставите и надвор, ако е премногу обемен и ќе добиете храбар и опуштен изглед.

Дебела јакна и женско здолниште

Вие не можете да се разделите со вашето здолниште? Не грижете се секогаш можете да си ја облечете дебелата јакна.

Здолниште и капут

Капутот без разлика дали е долг, краток или со средна должина одлично оди со било каков вид на здолниште. Ова е безвременска комбинација која не се пропушта.

Здолниште и крзнено палто

Можете безбедно да ја направите оваа комбинација без да се грижите дека ќе ви биде студено. Стилско здолниште под колената, вешто комбинирано со крзнено палто ќе ве направи софистицирана дама, која не се плаши од мразот.