Во тек е сезоната на настинки и грипови и кашлицата може да трае долго време, предизвикувајќи болки во градите, како и испрекинат сон. Но, дали сте знаеле дека постои многу едноставен лек против кашлица, направен со кромид? Покрај тоа што кромидот е одличен за искашлување на слузта, содржи и флаваноиди и сулфурни соединенија кои можат да помогнат во сузбивањето на кашлицата. Еве што ви е потребно:

– 1.5 литар вода
– две главици кромид

Излупете го кромидот и исечете го на парчиња. Варете го кромидот се додека не испари половина од водата и потоа оставете да се излади и исцедете ја течноста. Пијте една до две чаши два пати дневно од оваа течност се’ додека не ја снема кашлицата.