Колку пати само ви се случило да се вљубите во некоја фризура, но сосема да се разочарате, откако ќе видите како ви стои? Реалноста е дека не секоја фризура одговара на секоја форма на лице.

За да веќе никогаш не се вратите разочарани од фризерскиот салон, денес ќе ви помогнеме да ја пронајдете идеалната фризура за вас, според обликот на вашето лице.

1. Кружно лице

Фризурата која најдобро му стои на кружното лице е долгата и права коса. Идеалната должина на оваа фризура би било 10 центиметри под брадата, а косата обликувана така ќе стои совршено бидејќи ќе ве направи да изгледате неверојатно елегантно.

2. Правоаголно лице

Долгата и права коса не одговара на дамите со правоаголна т.е долга форма на лицето и затоа најдобро е да изберете фризура која ќе му даде ширина на истото, а одличен избор за таа цел е боб фризурата со должина до брадата и притоа да истата да биде надополнета и со шишки.

3. Срцевидно лице

Вистинскиот избор за дамите чие лице има облик на срце се долгите фризури кои се носат на едната страна, кои визуелно ќе го намалат вашето чело, а ќе ги истакнат вашите прекрасни очи.

4. Квадратно лице

Доколку имате ваков облик на лицето, чувствувајте се како вистинска ѕвезда, бидејќи дамите со квадратно лице, според експертите, се најфотогенични. Вам ви прилега долга рамна коса, која ќе го ублажи остриот облик на вашето чело. Исто така прекрасно би ви стоеле и боб фризури кои напред се подолги, а назад, малку пократки.

5. Овално лице

На овој облик на лице чудесно му одговара секој тип на фризура, при што при вашето следно одење на фризер можете и да изберете нешто посмело, односно пократка фризура. Вам сите фризури ви стојат добро и затоа не се плашете да експериментирате.