Древните Грци и Римјани, ловоровиот лист го сметале за волшебен, при што бил една од најчестата користена состојка при ритуалите, бидејќи верувале дека носи среќа и успех.

Ловоровото дрво е симбол на чистотата, посветеноста, триумфот и бесмртноста. Притоа, ова чудесно дрво ни дава виталност, успех и исполнување на нашите желби.

Обидете се и вие да ја привлечете среќата со помош на навидум обичниот на прв поглед, ловоров лист.

Според древните верувања, потребно е да ја напишете вашата желбата на ловоровиот лист, а потоа истиот да го фрлите во оганот и со текот на времето, вашата желба ќе стане реалност.

Исто така поставете по еден ловоров лист на секој агол од просторијата, каде вие и вашето семејство го поминувате поголемиот дел од времето во домот, при што на овој начин ловоровиот лист ќе ве заштити од секакви болести.

Доколку секогаш со себе носите ловоров лист, тоа ќе ве заштити од секакви непријатности и несреќа.

За да привлечете огромни позитивни промени во вашиот живот, тогаш со ловоровиот лист протријте ги вашите прсти, силно вдишете го неговиот мирис и на глас кажете ја вашата желба.

Ловоров лист може да ставите и под перницата, за да сонувате само убави соништа.

Мирисот на овој чудесен лист лекува од преголем замор и им дава дополнителна сила на оние кои се занимаваат со поголема физичка активност.

Доколку 4 ловорови лисје се стават под душекот, тоа ќе ви донесе среќа. Листовите треба да бидат насочени со дршките едни кон други, при што на овој начин тие би формирале крст. Еднаш месечно, листовите се заменуваат со нови.

Ловоровите листови, закачени над бебешкото креветче се смета дека ќе го заштитат бебето од уроци.