Овој кебап е најголемото искушение кое го нуди земјата. Потребно Ви е:

300 грама мелено месо, една главица кромид, шест лукчиња, една црвена пиперка – може и печена, една лута пиперка, 30 грама путер, три купчиња магдонос, црвен сол, сол по вкус.

Најпрвин треба да го исечкате лукот, кромидот, магдоносот и пиперките. Потоа ставете ги во блендер. Потоа измешајте ги со мелено месо, посипете со црвен сол и сол по вкус. Додадете го путерот и мешајте додека смесата не се соедини. Се остава да отстои смесата неколку часа а потоа се обликува месото во форма на Адана кебап(како на фотографијата). Премачкајте ги сите кебапи со зејтин. Најдобро е да се пече на скара на јаглен, но може и на електрична скара.